Стејт Департмент: Групата која ја гранитирала Владата немаше барања

by Фокус 10:41
10:41

Извештајот на Стејт Департментот го наведува гранатирањето на Владата и помалите бомбашки напади во близината на полициските станици во Тетово и Куманово извршени во текот на 2014 година.

-Владината зграда во која се наоѓа и канцеларијата на премиерот беше оштетена вечерта на 28 октомври од непознати напаѓачи. Според писмото објавено во локалните медиуми група наречена Ослободителна национална армија ја презема одговорноста за нападот. Некои аналитичари сметаат дека писмото не е веродстојнобидејќи беше објавено речиси една недела по нападот и во него немаше никакви барања. Истата група наводно ја презема одговорноста и за две помали експлозии пред полициските станици во Куманово и Тетово на деветти декемеври, – се наведува во извештајот.
Што се однесува до финансискиот сектор, извештајот на Стејт департментот оценува дека Македонија не дозволува анонимни банкарски сметки и не е центар за оф-шор финансирање, но непрофитните организации се изземени од задолжителното пријавување на приходите.

- Advertisements -

“Македонија е искрен партнер во борбата против тероризмот, како регионално, така и на меѓународна сцена. Грчкото одбивање да го признае името на Македонија повремено ја ограничува можноста на Македонија да учествува на меѓународните форуми” пишува во извештајот.

 

Поврзани новости