Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство.
Јавно обвинителство на Република Македонија соопшти дека надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање патна исправа, забрана за издавање нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.