373
Универзитетските клиники Завод и Ургентен центар-Скопје ќе набавуваат пижами, постелнина, ќебиња, душеци, кломпи, покажува огласот објавен на Бирото за јавни набавки.
Според огласот на БЈБ, проценета вредност без ДДВ е 7.800.000 денари или околу 127 илјади евра, додека критериумот за доделување на договорот е најниската цена, а периодот за кој се однесува набавката е 12 месеци.