368
25 годишниот педофил од Пробиштип денеска доби 25 дневен притвор за сторено кривично дело полов напад врз 11 годишно девојче од Пробиштип.
Случајот во полиција го пријавил пред 3 дена нејзиниот татко откако во мобилниот телефон на малолетната ќерка пронашол фотографија со компромитирачка содржина.
Во пробиштипската полиција е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа.