Обвинителството истражува 140 мобилни телефони за поврзаност на крвавиот четвртокот

by fokus

Обвинителството за организиран криминал се обидува да ги лоцира сопствениците на стотици мобилни телефони поврзани со крвавиот четврток.

Вмрежени се 140 телефонски броеви и преку нивна детална анализа се бара евентуално докажување поврзаност на учесниците на потешки кривични дела од учество во толпа на 27-ми април, брифираат извори за ТВ 24 од обвинителството.

Според информациите, обвинителите имале барања и до мобилните оператори во земјава. Засега официјално не се открива ништо од обвинителството кое ја работи предистражната постапка.

Поврзани новости