444
Кривичниот суд денеска им определи притвор и на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Младен Додевски инволвираност во настаните во Собранието од 27 април. Овие четворица осомничени за насилствата со Собранието не и се достапни на полицијата.
-Примерок од решенијата, веднаш по нивното изготвување од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој jа води постапката, стои во соопштението на Кривичен.
Од Обвинителството за организиран криминал велат дека сè уште се преведуваат документи поврзани со истрагата за недостапните и по нивното комплетирање тие ќе бидат испратени на Интерпол.