Предлог-законот за амнестија помина на прво читање во Собрание

by fokus 18:34
18:34

Предлог-законот за амнестија денеска помина на прво читање на собраниската седница и преминува во второ читање.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски образложи дека со Предлог-законот за амнестија треба да бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а за 3 097 лица да биде намалена казната за 30 проценти.

Со предложениот текст на законот не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело убиство од член 123  од Кривичниот законик, кривични дела против избори и гласање.

Поврзани новости