Одобрено задолжување за брз автобуски превоз во Скопје

by fokus

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.

– Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, намалување на  времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот, соопшти владината прес-служба.

Владата на седницата донесе и Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година, со која се издвојуваат 120.000.000 денари за Град Скопје, како неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала – Скопје.

Поврзани новости