700
Македонската агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) ја одобри цената на двете нови масла од канабис: Канобил Канц 300 и Канобил Канц 600, која беше предложена од производителот РеплекФарм, по што веќе е започната нивната дистрибуција низ аптеките.
Послабото масло, Канобил Канц 300 ќе се продава по цена од од 5.544 денари, а Канобил Канц 600 по цена од 9.240 денари.
Едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри.