„Одмаздници“ остана без Спајдермен

by Fokus

„Одмаздници“ останува без најмладиот член поради прекин на соработување со две филмски студија. Веќе нема да го гледаме Спајдермен во новиот филм на Марвел поради тоа што двете филмски студија, Сони и Дизни, не можат да се договорат околу користењето на ликот.

Правото за користење на ликот на Спајдермен го поседува Сони и Спајдермен можеше да се појави во филмовите, покрај „Одмазници: Крајот на играта“ поради договорот кој бил направен помеѓу Сони и Мрвел студиото –  кој е сопственик на компанијата Дизни.

Од компанијата Сони изјавуваат дека се разочарани поради прекинот на соработката, како и дека се надеваат дека работите ќе се променат во иднина.

Спајдермен е Марвеловиот стрип јунак, но во 1999 година, од страна на компанијата Сони се купени правата за појавување на овој суперхерој во филмот.

Филмското студио Сони само снимил пет филмови за Спајдермен – три со Тоби Магваер и два со Ендру Гарфилд во главна улога.

Студиото во 2015 година се договори со Дизни и со Марвел да го внесе Петар Паркер и неговото алтер его во МЦУ.

Договорот значеше дека Дизни ќе учествува во продукцијата и ќе ја дели заработката од филмовите во кој ќе се појавува Спајдермен.

Сајтот Дедлајн објави дека неколку месеци Дизни и Сони „не успеале“ да се договорат за финансирање на филмовите.

 

Поврзани новости