Идната среда, судот во Солун најверојатно ќе донесе конечна одлука дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрaдирани во Македонија, пренесува телевизија Алсат М. Денешното рочиште траеше речиси четири часа. Двајцата влегоа во судница со лисици на рацете – Бошковски облечен во тренерки, Грујевски во сако и кошула, носеше кеса со македонски весници, кои одбраната ги приложи во судот во Солун.
Но на барање на обвинетите, грчките адвокати на Груејвски и Бошковски побараа од судница да се отстрани јавноста. Дел од објаснувањето беше дека има новинари од Скопје, посочувајќи го Алсат М како медиум на албански јазик.
Судот го прифати барањето. Неколку грчки новинари, сопругите на Грујевски и Бошковски и адвокатот од Скопје Петар Василев излегоа од судницата.