Одложено судењето за Владимир Панчевски

by fokus

Денеска не започна судењето за некогашниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.

Судењето е одложено бидејќи предметот сѐ уште е по жалба во Апелациониот суд.

За потсетување, Владимир Панчевски е обвинет дека како прв човек на Кривичниот суд го местел системот за распределба „Акмис“ и предметите за функционерите од претходната власт ги доделувал на судии за кои тој сметал дека треба да ги судат.

Следното судење за овој предмет е закажано за 24 декември.

Поврзани новости