Судијата Осман Шабани ги прифати барањата на обвинетите во Титаник да се одложи денешното судско рочиште бидејќи не успеале да направат увид во целокупниот доказен матеирјал распослан на 25.000 страници. Тој им посочи до 12 април, за кога го закажа наредното рочиште да ги разгледаат доказите.
Адвокатите реагираа дека се велигенски празници, но судијата рече дека уште во истрагата ги виделе поголемиот дел од доказите, па затоа ќе имаат доволно време.
Пред судот се обрати и екс министерот Миле Јанекиески кој истакна дека не може да стаса до 12 април да ги види доказите бидејќи имал други судења, па му останувале само два дена да направи увид.
Според него, станувало збор за 100,000 страници докази и затоа побара барем уште еден ден, или барем за викендот да им се дозволи увид.
Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов побара повеќе денови, бидејќи и на Груевски му останувале само два дена за разгледување, но судијата не попушти и им порача дека се гледаат на 12 април.
В.В.