Судењето против Богоевски одложено за 5-ти септември

by fokus

Судењето за клевета против екс-разузнавачот, Слободан Богоевски, поднесена од страна на Али Ахмети и Муса Џафери, се одложи за 5-ти септември.

Проблем за Судот е тоа што не може да се утврди надлежноста на предметот бидејќи екс-разузнавачот, Богоевски изјавата за Маѓар Телеком ја дал за потребите на Судот во Америка. Сега треба да се разгледаат основите на тужба поднесена од партиските функционери на ДУИ, но и страната на одбраната која тврди дека Богоевски исказот го дал за потребите на друг суд.

Во август 2015та година, СЕК го отвори за јавноста исказот на Богоевски даден во рамки на постапката која се води против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи пред судот во Њујорк. Според објавеното, Богоевски тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2,5 милиони евра.

Лидерот на ДУИ, од Богоевски бара три милиони денари, додека Муза Џафери 2,5 милиони денари.

Поврзани новости