432
Судот во Солун денеска го одложи рочиштето за одговор на барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на поранешните функционери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Рочиштето е одложено за 13 декември бидејќи била отсутна адвоката од адвокатскиот тим на Грујевски и на Бошковски. Друга причина за одложувањето бил некомплетниот превод на документацијата за екстрадиција испратена од македонското Министерство за правда.