Судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието, се одложува на 28 октомври поради отсуство на обвинетиот Спиро Ристовски, кој е во самоизолација, поради корона вирусот.
Бранителот на Спиро Ристовски, до судот доставил известување дека обвинетиот ќе биде во самоизолација до 21 октомври.
Првообвинетиот Трајко Ваљановски, исто така, има решение за самоизолација до 22 октомври.
На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци, предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“