Приведени албански државјани во Гостивар: Наместо како туристи, тие работеле во земјава

by Fokus

Тројца албански државјани ќе бидат депортирани во матичната земја, откако биле приведени под сомнение дека работеле на гостиварското подрачје, а имале дозволи само за туристички престој. Во изминатиов период тие биле ангажирани за изведување градежни работи во мавровскиот крај.

Според СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 45 минути, во Маврово, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле Г.Ш.(36), К.Т.(32) и К.Т.(30). Тројцата се државјани на Република Албанија и има сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој.

По приведувањето албанските државјани задржани се во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Поврзани новости