Слониците Дуња и Даела кои што деновиве требаше да пристигнат од Белгија во ЗОО Скопје, ќе дојдат во земјава дури тогаш кога ќе се стабилизира времето. Како што информираат од ЗОО Скопје, нивното пристигање е одложено поради високите температури.
-Поради екстремно високите температури, доаѓањето на двете слоници е одложено.
Топлиот бран кој ја зафати Европа не е погоден за транспорт на Дуња и Даела. Нивното здравје е најважно, а штом се стаблизираат временските услови и се создадат услови, слониците ќе пристигнат во Скопје – известуваат од зоолошката градина.
Зоолошката градина во Скопје подолг период немаше слонови, па најавата за доаѓањето на Дуња и Даела ги израдува граѓаните.
Дуња е азиска слоница, најголема од нејзиниот вид во Европа, додека пак Даела е африканска слоница. Тие биле најдобри другарки. ЗОО негователи од Скопје минатата недела пристигнале во Белгија, каде што ги запознале слониците, чие доаѓање со камион се очекуваше деновиве.
Дуња и Даела биле стари по околу 30 години. За нив било направено ново живеалиште со отворен и затворен дел во Скопје ЗОО. Истото било со најголема површина во Зоолошката градина.
Последната слоница која живеела во Скопје била Анка. Таа живеела од 1964 до 1992 година и била од видот индиски слонови.
Вики Клинчарова