Одложена средбата со медијаторот Нимиц

by fokus

Следната недела нема да има средба во Њујорк меѓу преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис со медијаторот Метју Нимиц, дознава ТВ 24 од неофицијални извори од институциите.

Средбата на преговарачите од Македонија и од Грција со посредникот Метју Нимиц сега ќе се одржи во декември во Брисел, а дознаваме дека одложувањето било на барање на грчката страна, но извори велат дека одложувањето било поради технички причини.

Грчките медиуми во изминатите денови пишуваат дека медијаторот Нимиц после долго време ќе излезе со конкртетен предлог за името, а оптимизам за процесот освен министерот за надворешни Димитров, неколку пати искажа и премиерот Заев.

Поврзани новости