Одложена првата средба за реализација на договорот од Пржино

by Фокус

Средбата со која денеска требаше да почне спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, е одложена. Телевизија 24 Вести пренесе дека според дел од учесниците, средбата е одложена по барање на ВМРО-ДПМНЕ, а како причина владејачката партија го навела тоа што министерот за надворешни работи, Никола Поповски не е во земјава, но и дека информацијата за оддржување на состанокот „протекла“ во јавноста.

Инаку, денешната средба требаше да ја надгледува белгискиот дипломат експерт Питер ван Хоутен, а тема требаше да биде  Државната изборна комисија, која се најде во забелешките од извештајот на Рајнхард Прибе, со препорака да биде составена од непартиски членови.

 

Поврзани новости