Судот во Велика Британија пресуди дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж сè уште не може да биде екстрадиран во САД.
Високиот суд во Лондон одлучи да му даде право на Асанж повторно да се жали на одлуката за екстрадиција, освен ако американските власти не обезбедат дополнителни гаранции за тоа што ќе се случи со него откако ќе биде екстрадиран.
Судењето за случајот на Асанж, кое трае повеќе од десет години, е одложено за 20 мај.
За време на дводневното сослушување на Високиот суд во февруари, адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд рече дека американските власти сакаат да го казнат затоа што Викиликс „го разоткри криминалот на американската влада во невидени размери“.
Тој беше обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер за објавување доверливи американски документи на неговата веб-страница пред речиси 15 години.