Одложен кошаркарскиот Куп во Гевгелија

by fokus

Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, меѓу кои и кошаркар од клубот Гостивар е причината Македонската кошаркарска федерација да го одложи Купот планиран да се игра претстојниот викенд во Гевгелија.

– Поради новонастанатата ситуација, Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден. Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите, стои во соопштението на МКФ.

Поврзани новости