419
Оџата од Чаир постигнал спогодба со Обвинителството според која признава дека бил дел од паравојски во Сирија и регрутирал војници. Поради спогодбата, Судот денеска му пресуди седум години затвор.
Уште петмина други скопјани потпишаа иста спогодба и добија по пет години затвор. Тие пред Судот кажаа дека се обични верници и не признаваат учество во паравојски а потпишале спогодба бидејќи дел од нив имаат мали деца.