„Одговорот ќе биде одлучувачки и брз“: Бајден за нападот на Хамас врз Израел

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е должен да одговори на злобните напади.

Тој тогаш рече дека најмалку 14 Американци биле убиени во нападите во Израел.

За време на разговорот со Нетанјаху, Бајден рече дека одговорот на САД ќе биде одлучен и брз.

„Ги почитуваме законите на војната, важно е да има разлика“, рече Бајден.

Тој потоа додаде дека САД ќе испратат поголема помош за Израел.

Поврзани новости