Непознат ограбувач одел од стан во стан и крадел пари, златен накит, часовници, информнираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 16,40 часот во Полициската станица Центар, Г.Ј. (41) пријавил дека истиот ден во времето од 08,00 до 16,30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан ул. “Св. Кирил и Методиј“. Сторителот делувал на заедничката влезна врата од ходникот преку кој се доаѓало до станот на пријавителот и станот сопственост на Л.Ш. Потоа насилно делувал на влезната врата од станот на пријавителот, влегол внатре и одзел пари, околу 500 евра и разновиден златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. Откако го напуштил станот се упатил во станот на Л.Ш., и одзел околу 12.000 евра и златен женски часовник по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 800.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.