Одбраната на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првосомничен во случајот „Транспортер” на Специјалното јавно обвинителство, денеска доставила нови докази за предметот.
Од СЈО за 24 Вести, велат дека откако ги известиле дека истрагата за случајот е завршена, добиле барање од одбраната да ѝ го достават доказниот материјал. Одбраната доставила и нови вештачења кои сама ги нарачала, како и дополнителен доказен материјал.
Инаку, за случајот “Транспортер”, Талески помина три месеци во куќен притвор, а скопската Апелација во септември притворот му го замени со мерка на претпазливост, односно обврска да се јавува секој работен понеделник и петок во судот.
Талески заедно со уште 22 лица се товарат дека со коруптивни тендери со школскиот превоз го оштетиле општинскиот буџет за 360 000 евра.