Министерство за култура: ЗАМП да работи во интерес на македонските автори!

by fokus

Откако Здружението за заштита на авторски музички права го обвини Министерството за култура дека ја поништило нивната забрана за емитување македонска музика без никакви аргументи, со рекација се огласија од министерството.

Од таму велат дека правната неоснованост на овој акт, може да ја цени само надлежниот суд, а не ЗАМП.

-Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика е донесено во јасна и дефинирана постапка и истото решение е целосно законски основано. Напоменуваме дека постапувањето, односно непостапувањето на ЗАМП по донесен акт од надлежен државен орган, односно од Министерството за култура е негов избор и негова законска одговорност. Министерството за култура како и досега така и во иднина согласно своите надлежности ќе работи во интерес на македонските автори, а и ЗАМП е должен и има законска обврска да го стори истото– стои во соопштението на министерството.

Од таму додаваат дека решението за поништување на забраната за ЗАМП го доставиле пред надлежниот суд за оценка на законитоста на актот.

-Никој не е над законите, ниту било која институција, ниту поединец, ниту ЗАПМ – се вели на крајот од соопштението на Министерството за култура.

Поврзани новости