Одбраната на Камчев бара одговорност од судијата кој му одреди притвор на бизнисменот

by fokus

Адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, Тони Менкиновски, денеска оддржа прес конференција на која истакна дека неговиот клиент незаконски бил ставен во притвор, поради што ќе поднесе преставка против судијата на претходна постапка бидејќи ја донел одлуката за притвор без на одбраната да и презентира докази за тоа.

Камчев вече еден месец се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, како осомничен во случајот „Плацевите на Водно“.

-Одбраната на г-дин Јордан Камчев сака да ја информира Македонската јавност дека денес ќе поведе постапка за утврдување на незаконитост на докази и согласно со членот 12 и членот 93 од Законот за Кривична постапка, а со цел остварување на Уставно загарантираните права и гаранции на г-дин Јордан Камчев на „слобода и безбедност”, „правото на ефикасна и делотворна одбрана ” и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”. Тоа значи дека сите докази прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука, истакна адвокатот Менкиновски.

Тој потенцираше дека доказот, односно информацијата од АНБ, а поради која бил изречен притворот, никогаш не бил доставен до одбраната.

-Агенцијата за национална безбедност АНБ постапила надвор од своите законски овластувања предвидени во Закон за агенција за национална безбедност ( шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата) па оттука останува нејасно како г-дин Камчев ја загрозува националната безбедност на државата и претставува закана за националната безбедност на државата за да биде следен од 12 февруари 14 февруари 2021 години како и да биде изготвена службена белешка со таа содржина?!;

Агенцијата за национална безбедност ако имала било какви индиции за наводно бегство на г-дин Јордан Камчев согласно со закон била должна да го извести Бирото за јавна безбедност како орган во состав на Министерството за внатрешни работи (кој врши полициските работи во Министерството чија надлежност е концептуалното планирање, следење и анализирање на безбедносната состојба и причините за појава на криминалитет и загрозување на јавната безбедност…), а Бирото доколку сметало за тоа требало да го извести Јавниот обвинител! ;

АНБ нема добиено судска наредба за спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации од страна на Судот, односно од страна на Врховниот суд на Р.С. Македонија согласно член 32 вв со член 34, 35 и 36 од Законот за Агенција за национална безбедност?!

Дека се работи за скандалозно изрекување на најстрога мерка за обезбедување (мерка притвор), изречена врз усна белешка на доушник, и не презентирање на докази на нас како одбрана, потврдува и Премиерот на Р.С.М кој како носител на извршната власт имал ингеренции и можел да има увид во извештајот на АНБ. Тој изјави дека осомничениот г-дин Камчев не планирал бегство со бугарски агенти. Имено цитирам: Не се работи за следење, кажувам дека не е следен.. тоа агенти, Бугарија, не е точно, нема таму таква работа. Има неколку причини, кои што тие, се побудил кај нив инстинктот да напишат и да пријават (АНБ).. понатаму тоа го цени јавен обвинител.“ – вели Заев;, истакна адвокатот.

Тој додаде дека од страна на судијата на претходна постапка, стои јасно запишано дека мерката притвор ја изрекуваат поради соработка со бугарски агенти и план за бегство.

-Притоа, без презентирање на докази, и прецизно објаснување на причините поради кои е лишен од слобода.
Ова претставува флагрантно кршење и непочитување на Европската Конвенција за човекови права и Меѓународниот Пакт за политички и човекови права, кои недвосмислено предвидуваат дека при лишување од од слобода на лицето мора да му се прецизно презентирани доказите поради кои се лишува од слобода.

Поради ова пред Републичкиот Судски Совет, одбраната поднесува Претставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка, кој ја изрече мерката притвор без да ни презентира докази.

Дополнително, неспорно во наведениов случај постои пречекорување на законските ограничувања и овластувања при постапувањето на АНБ во постапка СД бр.02-545/1 од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластена постапка, злоупотреба и други неправилности во работењето, не постапување врз основа на наредби од Суд за спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации, како и по наредби од Суд за спроведување на мерки за следење на комуникации, а вооедно начинот на собирање на безбедносните податоци и информации во врска со горенаведената постапка не законски спроведена спротивно на нивните права утврдени со закон. Во овој поглед најпрво сакаме да нагласиме дека, оваа своја информација Агенцијата за национална безбедност ја изготвила надвор од сите свои овластувања утврдени во Законот за АНБ и со истата му ги ограничила основните слободи и права на г-дин Камчев.

Аплеираме до институциите на системот да работат совесно, штитејќи го својот професионален интегритет. Време е во оваа држава да завршат иживувања врз лица, загрозување на нивно здравје, загрозување на сериозни бизниси и работни места на луѓе, преку местенки и злоупотреба на тајните служби, истакна адвокатот Менкиновски.

Поврзани новости