Одбиено барањето за изземање на обвинителот од „Поткуп“, рочиштето одложено за 23 јануари

by fokus

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција го одби барањето на одбраната на лидерот на опозицијата, Зоран Заев за изземање на обвинителот Владимир Милошевски, кој го води случајот „Поткуп“.

Одбраната на Заев бараше да се стопира постaпката за случајот „Поткуп“ и да се изземе обвинителот Владимир Милошевски кој го води случајот, бидејќи пред повеќе од една година тие поднеле кривична пријава против Милошевски до Специјалното јавно обвинителство и од таму имаат известување дека се постапува по предметот.

По барање на Заев, рочиштето повторно се одложи, па судењето е презакажано за на 23 јануари идната година.

Поврзани новости