СДСМ: Управниот суд одлучуваше без присуство на наш претставник

by fokus 14:34
14:34

СДСМ реагира на тоа што Управниот суд одлучувал по нивна тужба на решение на ДИК во врска со парламентарните избори одржани на 11 декември без преставници на партијата.

-Судскиот совет во Управниот суд, задолжен да одлучува по тужбата на СДСМ за гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце, со бројни неправилности во гласачкиот процес, ја отворил и завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, во овој случај претставници на Социјалдемократскиот сојуз. Судскиот совет не достави покана за седницата до подносителот на тужбата, СДСМ, туку несоодветно, известил за одржувањето на седницата по предметот преку интернет, утрото во 09.47 и истата ја одржал само 40 минути потоа. Со тоа е ускратено правото на образложение на тужбата од страна на СДСМ. Укажуваме дека институциите на системот се должни да работат во служба на граѓаните на Република Македонија, без какви било каклулации во постапувањето и одлучувањето, реагираат од СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости