458
Управниот суд ги одби тужбите на Социјалдемократскиот сојуз за избирачките места 2025 во Теарце и избирачко место 1978 во Тетово. Предходно беше одбиена и тужбата за избирачкото место 2010, исто така во Теарце.
Управниот суд прифати една тужба на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ.
Прифатена е тужбата на СДСМ која се однесува избирачкото место 2011 во Теарце, каде ќе има прегласување.
Со тужбата на ВМРО-ДПМНЕ пак, беше поништен приговорот на БЕСА, за гласачко место во Гостивар, каде бил украден гласот на Фатиме Сулејмани, со фалсификување на нејзиниот потпис. Управниот суд го отфрли приговорот како неуреден и ја поништи одлуката на ДИК да има прегласување.
Одлуките на Управниот суд се конечни.