366
Кривичниот совет ја отфрли жалбата на Специјалното јавно обвинителство, кое бараше притвор за Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина”. Советот ја потврдил одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија, со која на Грујовски му се одзема само пасошот.
-По разгледување и ценење на жалбите, советот донесе одлука со која двете жалби ги одби како неосновани и го потврди решението на судија на претходна постапка, со што на Г.Г. му се определува превентивна мерка – одземање на патна исправа“, стои во соопштението од судот.
Грујовски и уште четворица осомничени, меѓу кои и ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се сомничат за уништување на опремата за прислушкување вредна 10 милиони евра.