Одбележување на денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина со параолимписката игра „Бочија“

by fokus

Со одржување на параолимписката игра „Бочија“, наменета за лица со посебни потреби, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8 мај. Како учесници ќе се вклучат лица од Дневните центри за лица со посебни потреби од Скопје, Велес, Кавадарци, Дебар, Делчево, Кичево, Гостивар и Прилеп.

Во рамки на самиот настан, а со цел поддршка промоција на еднаквите можности и подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, кон настанот ќе се приклучат и волонтерите од Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на територија на град Скопје. Активно во параолимписката игра ќе се вклучат ученици од 10 средни училишта на територија на град Скопје, во кои се реализира проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст“. Учениците и нивните одговорни професори ќе дадат придонес кон полесна реализација на играта, помош и поддршка кон лицата со попреченост.

– И во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силатата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото „секаде за секого”. Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи –насмевката. За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица, порачуваат од Црвениот крст.

Поврзани новости