Одбараната на Заев бара стопирање на „Поткуп“ додека трае истрагата за обвинителот Милошевски

by fokus

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев утрово во 10 часот се појави на рочиште за случајот „Поткуп“. Неговата одбрана побара да се стопира постaпката за случајот „Поткуп“ и да се изземе обвинителот Владимир Милошевски кој го води случајот.

Адвокатите на Заев пред повеќе од една година поднеле кривична пријава против Милошевски до Специјалното јавно обвинителство и од таму имаат известување дека се постапува по предметот.

Според пријавата на адвокатискиот тим на Заев, Милошевски се товари зa злосторничко здружување, злоупотреба на Посебни истражни мерки, повреда на правото на одбрана и недоставување на списите за преземните мерки.

Судот наложи во рок од два часа, а најмногу три дена Јавното обвинителство да се произнесе за барањето за изземање на Обвинителот.

Поврзани новости