440
При вчерашниот најсилен земјотрес се урнал дел од плафонот во киното Милениум во Градскиот трговски центар, соопшија од продукцијата на филмот „Ослободувањето на Скопје“.
Премиерата на овој филм која требаше да се одржи вчера вечер поради уривањето на плафонот не се одржа.
Скопската проекција беше закажана за 20 часот вечерва, а гостин требаше да биде Раде Шербеџија. Филмот вчера за прв пат се прикажа во Битола во рамки на филмскиот фестивал „Манаки“.