Секоја година, особено преку зима, проблемот со загадениот воздух станува видлив, и тоа буквално. Жителите на главниот град, но и на голем дел од градовите во внатрешноста, со недели дишат токсичен воздух.
Ситуацијата е најалармантна во Скопје, особено во Лисиче, а екстремно загадување покажаа и мерните станици во Струмица, Тетово, Кичево, Охрид, па дури и во Берово, град кој со децении важеше за воздушна бања.
Покрај податоците од мерните станици, застрашувачки се и бројките, кои се директна последица на загадувањето. Па така, според истражувањето на доктор Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје, во периодот од 2019 до 2021 година загадениот воздух е причина за смртта на 3.828 до 4.175 граѓани.
-Проценетата атрибутивна смртност која се припишува на загадувањето на амбиентниот воздух во РС Македонија се движи од 3.828 до 4.175, и стапка во ранг од 319.4 до 348.4 смртни случаи на 100.000 жители за анализираниот период 2019-2021, се наведува во судијата.
-И покрај трендот на пад на концентрациите на PM2.5 честичките, се забележува пораст на проценетатата атрибутивна смртност што се должи на покачената смртност од сите причини предизвикана од појавата на COVID-19 пандемијата, вели Доц. д-р Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје.
Валентина Вурмо
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК