Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица – две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле јавниот ред и мир.
Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП-ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време еден од нив почнал да фрла шишиња кон присутните.
И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња. Во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедувањето.
– Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.