764
ЈСП преку соопштение информираше дека за време на полицискиот час, нема да има јавен превоз низ главниот град Скопје.
„Ве информираме дека од денеска, четврток (4.06.2020 год) од 21 часот до понеделник (8.06.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.
Времениот прекин е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје.
Денеска јавниот превоз ќе функционира до 21 часот.
Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред“, велат од ЈСП.