Ангеловска: Се надевам дека нема да дозволат да гледаат близок како се мачи и бори со вирусот за да го променат однесувањето

by Fokus

Министерката за финансии, Нина Ангеловска порача дека мора да се почитуваат мерките на Владата за заштита од корона вирусот.

Таа посочи дека вирусот е реалност и дека никој не е имун на оваа нова опасна зараза.

"Аман бе комшија и ти ли си од тие што веруваат во корона?" (утрово двајца комшии се сретнуваат и поздравуваат на улица…

Publiée par Nina Angelovska sur Jeudi 4 juin 2020

„Ова не е прашање на “верба”, ова не е прашање што некој треба да го постави! Корона вирусот е реалност. Како што се реалност сите починати. Ако не ги познаваме тоа не значи дека е нешто далечно и дека ние сме имуни. НИКОЈ не е имун на вирусот. Вирусот на препознава раса, пол, возраст, етничка припадност.

Сите оние кои ги почитуваа препораките и кои се совесни и само-свесни со право се чувствуваат “казнети” заради они кои не почитувале. Но, општеството го градиме заедно и сите сме дел од сложувалката. Од секој еден зависи. Здравјето е колективна одговорност.

Се надевам дека свеста ќе се разбуди кај сите кои го третираат вирусот како прашање. Се надевам дека нема да дозволат да гледаат близок како се мачи и бори со вирусот за да го променат однесувањето“, пишува во статусот на Ангеловска.

Поврзани новости