Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе викендов, соопшти градоначалникот Петре Шилегов.
Забраната ќе биде од 9 до 16 часот, а ќе важи од клучката за Сопиште и од манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила за време на викендите и на државните празници.
Истовремено со воведувањето на забраната, Град Скопје воведува две нови пробни автобуски линии со броевите 25а и 25б. Тие ќе сообраќаат од своето поаѓалиште без застанување, сè до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркиралиштето кај Цветниот пазар.
На почетокот, возењето ќе биде бесплатно, а Град Скопје ќе овозможи бесплатно паркирање на двете поаѓалишта на овие автобуски линии.