Заев во декември на средба со Јункер во Брисел

by fokus

На почетокот на декември премиерот Зоран Заев во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јунер, дознава НОВА од владини извори.

Последната средба помеѓу македонски премиер и првиот човек на ЕК се одржа во декември помеѓу Никола Груевски и тогашниот шеф на Комисијата Хозе Мануел Баросо.

Во меѓувреме претходната влада се обидуваше на повеќе начини да се закаже средба со претседателот на ЕК.

Во февруари 2015 година беше закажана средба на Груевски и Јункер но само неколку дена по закажувањето, од кабинетот на Јункер стаса лошата вест до Груевски дека средбата се откажува. Неофицијалната причина беа “бомбите” на Заев кои ставаа на знаење дека вмровскиот премиер играл корупциски игри па не заслужува средба со првиот човек на ЕК.

Поврзани новости