Од утре вакцинација на новинари и медиумски работници и вработени во обвинителствата и судовите

by fokus

Од утре ќе започне имунизацијата на вработените лица во обвинителството, судовите, инспекциските служби како и новинарите и медиумските работници над 40 години.

Оттаму, со нив ќе се заокружи кругот на лица кои спаѓаат во приоритетната група, односно со оние чија работа се темели на постојан контакт со други лица.

Изминатава недела во вакционалниот пункт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, се имунизираа припадниците на Армијата и Министерството за внатрешни работи, како и наставниците и негователите во градинките, а во меѓувреме се уште трае вакцинацијата на лицата над 77 години, кои се вакцинираат со „Астра Зенека“.

Поврзани новости