Граѓанската иницијатива „Протестирам” го поддржа Второмајскиот протестен марш за работничките права и најави продолжение на протестите на Шарената револуција.
„Секој кој протестира против авторитарниот и корумпиран режим, на ненасилен начин и без да ја монопилизира борбата е дел од #Протестирам. Во понеделник, на 2 мај, Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права организира протестен марш против постојаното погазување на правата и достоинството на работничките и работниците. Ги повикуваме сите кои ја поддржуваат оваа борба да се придружат кон маршот во 18 часот, пред Дом на градежници.
Од вторник, во исто време, пред СЈО ги продолжуваме протестите, сѐ до исполнување на нашите барања , стои во повикот на „Протестирам“.