ЕУ во последна фаза пред целосно исчезнување на роамингот

by Фокус

Плафонот на роамингот од денеска е 5 центи за повик, 2 центи за смс порака и 5 центи за мегабајт интернет во сите земји членки на ЕУ.

 Ова е  последната етапа на намалување на роамингот која сосема исчезнува на 15 јуни 2017 година.

“Ние влегуваме во последната фаза пред крајот на трошоците на роамингот во 2017 година. Со ова Европјаните ќе можат да заштедат но ова е исто така уривање на сите бариери кон единствениот дигитален пазар на ЕУ”, изјави европскиот комесар Андрус Ансип.

Истовремено стапува на сила и принципот на “неутралност на интернетот” кој им забранува за операторите да  успоруваат или блокираат некои апликации или содржини освен во неколку исклучителни случаи за да се спречат сајбер напади.

Поврзани новости