Од утре се укинуваат квотите за лекови на рецепт во туристичките места

by fokus

Од утре се укинуваат квотите на лекови во туристичките места во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија, односно лекови на рецепт ќе може да се подигнат без ограничување, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Причината за оваа одлука, е, како што рече Филипче, тоа што , во туристичките места во летниот период поради напливот на гости и брзо трошење на кворите, често се случува локалното население да не може да си ги подигне лековите на рецепт бидејќи предвидените количества биле земани од туристи од другите градови.

Тој додава дека мерката во туристичките места е прв чекор до целосно укинување на квотите во аптеките во цела држава. Откако тоа ќе го реализираат, само пациентот лично ќе може да ја подигне терапијата во аптека.

-Ќе има пратење на лекот, лично доаѓа во аптека оној на кој лекот е пропишан а работиме и на решение за оние кои не можат да дојдат во аптека, вели Филипче.

Поврзани новости