Од утре се отвораат моловите, обложувалниците преку шалтер и дозволено е одржување конференции

by fokus

Намалувањето на рестрикциите ќе се одвива во три фази, најави премиерот Оливер Спасовски. Во првата фаза која почнува утре почнуваат да се отвораат моловите, обложувалниците преку шалтер, автошколите и дозволено е одржување на семинари и конференции под посебни услови.

-Првата фаза е тековно фукнционирање на стопанските дејности во време на вонредна состојба и ограничено движење на населението со постепено намалување на времето на забрана за движење. Втората фаза е транзициона е иницијално воспостување на работните активности со почитување на препорачани мерки и стриктни мерки за спречување на ширење. И третата фаза предвидува целосно враќање на редовниот работен процес со почитување на мерките на хигиена и физичка дистанца. Ова значи дека дури во третата фаза кога ќе воспоставиме целосна функционалност во сите сектори нашите обврски ќе ги извршуваме во поинакви услови со што новото секојдневие станува нова нормалност. Тоа не треба да се гледа како нешто страшно, ниту како чудно, туку како непходност.
Од утре почнуваат да се применуваат мерки со нови протокли за работи за дејности кои имаат помал ризик:
Завод за рехабилитација, слух и говор
Едукативни центри, обуки и семинари за возрасни и конференции
Автошколи
Индивидуални спортови на отворено
Обложувалници преку шалтер
Молови без угостителските објекти
За да се постигне максимална заштита, ќе се применуваат посебни протоколи. Дејсностит како семирани, обуки, конференции ќе можат да траат максимум 6 часа, со пауза на секој два часа. Пред почетокот, учесниците да се известат дека доколку имаа респирорни симптоми, температура, кашлица им се препорачува да не приствуваат. Ќе има и ограничен број на учестници за да се обезбеди растојание два метри и заштитна опрема. Да има средство за дезинфеција и да биде забрането групирање на учесниците на паузите, наведе Спасовски.

Поврзани новости