По двонеделна пауза, работнатa групa составена од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе продолжи со состаноците за спроведување на договорот од Пржино од понеделник. Изборите се договорени за во април, а дотогаш треба да се решат многу барања содржани во извештајот на експертот Прибе, објави Радио Слободна Европа.
Од СДСМ изразиле оптимизам околу епилогот на договорот, иако се сомневаат дека ВМРО-ДПМНЕ има волја да создаде вистинска атмосфера за реализирање на договорот од Пржино.
„Остануваме посветени во имплементирање на договорот и очекуваме дека без оглед далипостои или не постои волја или желба за исполнување или волја и желба за неисполнување на договорените обврски, дека тој договор ќе биде исполнет во целост“, изјавил портпаролот Петре Шилегов.
Тема на дневниот ред од понеделник се избирачкиот список и изборниот законик, а ќе се почне со поинтензивни разговори за останатите законски решенија кои треба да бидат постигнати согласно договорот.
Во фокусот е законското решение за специјален јавен обвинител и начинот на кој тој ќе биде избран.Треба да се утврди и процедурата како партиите ќе ги предлагаат кандидатите кои сметаат дека се соодветни за тоа место, а потоа, најдоцна на 15 септември, во Собранието да се избере специјалниот обвинител.