Државната изборна комисија утре ќе ги објави имињата на 39 502 спорни гласачи. Лицата кои ќе се пронајдат на листата, која ќе биде објавена на страницата на ДИК, ќе имаат рок од 25 дена сами да се пријават за им се корегираат личните податоци.
Доколку не го направат тоа тие ќе бидат избришани од Избирачкиот список и ќе немаат право на глас на следните избори.
Запишувањето ќе биде лично во подрачните Државната изборна комисија како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде гласачите ќе мора да дојдат и да приложат важечка лична карта или пасош. За да може да се олесни пријавувањето на веб страницата на ДИК поставена е и апликација за електронско пријавување. Гласачите за да може да се пријават електронски ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.
Пријавувањето ќе трае до 16 август, а ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот.
Лицата кои нема да се пријават во овој рок, ќе добијат уште една шанса за пријавување, за време на јавниот увид на Избирачкиот список пред парламентарните изборите што според најавите треба да се одржат до крајот на годината.