786
Од утре по полноќ, заклучно со 21 часот на 15 јули, важат правилата за изборен молк за парламентарни избори, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како потсетување за радиодифузерите.
„За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања“, велат од Агенцијата.
Од таму додаваат дека, според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите.