Филипче: Еден кат од „ГОБ 8 Септември“ ќе се ослободи од ковид-пациенти

by Фокус

Eден од катовите на болницата „8 Септември“ ќе се ослободи од пациенти со ковид-19, кои деновиве ќе бидат префрлени во модуларната болница која располага со 72 болнички кревети – ова денеска било договорено на средбата меѓу министерот за здравство Венко Филипче со синдикатот на ГОБ „8ми Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.

Како што соопштија од Министерството за здравство, на средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот кат каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останататите пациенти.

„Имаат сосема легитимно барање и во овој момент не е тешко, ниту невозможно да се одговори на ова. Барањата се да се ослободи еден од катовите во болницата „8ми Септември“, за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата да започне да се организира, онака како што беше организирано претходно. Тоа би значело дека од сегашниот број на кревети, помеѓу 70 и 75 и натаму ќе бидат наменети за пациенти со Ковид-19, а останатите 20 ќе се ослободат“,информира Филипче.

Поврзани новости